Германец украл морска вода од Јадранот, сега мора да ја врати и да плати казна
On:
Сподели со своите пријатели
Германец кој овие денови бил во близина на плажа во Трст во својот камион натоварил 24.000 литри морска вода, а го привела локалната полиција по дојава од граѓани и го казнила со 1.549 евра, а „украденото“ морал да го врати во заливот.
Полицијта открила дека 48-годишниот германски државјанин кај населбата Баркола во близина на дворецот Мирамаре во својот камион неовластено од Јадранското море испумпал 24.000 литри вода, пренесува агенцијата ХИНА.
Германецот во полиција признал дека водата сакал да ја превезе во Германија за потреби на еден аквариум со морски риби.