Цигари и технички производи запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Штеки со цигари и разни технички производи, заплениле службениците на Царинската управа на Република Македонија во текот на изминатите две недели.

Вкупно 10 штеки цигари Rothmans со македонски акцизни маркички, 30 таблети Cialis и 56 кесички KAMAGRA гел, биле откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Делчево – Дољиани, Италија, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Производите, сопственост на возачот на автобусот, биле пронајдени во фабричка празнина под седиште и во прегради во делот за чување лични работи на возачите. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Вкупно 75 парчиња разни технички производи (мини блутут звучници, адаптери за SD и мини картички за iPod, електрични запалки за цигари и лед-магленки за автомобили), откриени при контрола на празен македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи биле пронајдени во три кеси на горниот кревет во кабината на камионот. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Loading...

Leave a Reply