Вкупно 8.095 гласачи од Куманово до 11 часот го оствариле своето право на глас на референдумот, од вкупно 92.691 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 9,14%.
Од 167 гласачки места процесирани се 146, заклучно 11 часот.
Излезноста во Старо Нагоричино опстанува скромна и изнесува 3,69%, односно своето право го оствариле само 124 лица од вкупно 3.367 колку што изнесува вкупниот број на гласачи во оваа општина.
Конечно пристигнаа и првите информации од Липково. Таму до 11 часот правото на глас го искористиле 2.958 граѓани, односно 11,74% од вкупниот број на гласачи кој изнесува 25.232
На ниво на државата излезноста е 8,12%.