Судовите во Калифорнија, според новиот закон, домашните миленици ќе мораат да ги сметаат за заедички имот на сопружниците кои се разведуваат, па така, кучињата, а можеби и мачките, ќе бидат третирани на ист начин како и кога се одлучува кој ќе има старателство над децата.
Според новиот закон, кој го потпиша гувернерот на Калифорнија Џери Браун, а кој стапнува на сила од почетокот на 2019. година, судиите при одлучувањето кому ќе припадне миленикот ќе одлучуваат и за тоа кој го храни, кој го води на прошетка и кај ветериран, како и кој ќе го чува, пренесува АП.
– Мислам дека тоа е добра идеја. Јас имам мало куче бишон кој се вика Родни Кинг Стоун и тој е како член на семејството, вели адвокатка од Лос Анџелес, Меган Грин, кој додава дека видела доста разводи каде паровите се бореле околу тоа кому да припадне домашниот миленик.