Причини поради кои верниците стануваат атеисти

Сподели со своите пријатели

Бројот на верниците ширум Западот се намалува од година во година, а на смета на тоа расте бројот на атеистите.

Во извештајот под името „Егзодус“, Истражувачкиот центар за религии САД ги истражувал причините поради кои луѓето стануваат атеисти.

Денес дури 25% од Американците себе се сметаат за неверници, за разлика од 6% во седумдесетите, односно 20% колку што покажуваат истражувањата од 2012 година.

Меѓу нив, највпечатливи се они кои некогаш биле религиозни, но веќе не се.

Според истражувања, постојат шест главни причини поради кои некогашните верници стануваат атеисти, а за нив повеќе прочитајте во пдоролжение.

Црковната заедница се фокусирала на политика

Вкупно 16% од испитаниците во оваа истражување изгубиле интерес за верата откако забележале дека нивната верска заедница премногу се свртела кон политиката. Се испоставува дека верскиот активизам и агресивното проповедање на верата всушност одбило многу религиозни луѓе од својата религија.

Сексуални скандали на црковните владетели

Дури 19% од испитанциите рекле дека извештаите за децата во Каточилката црква толку ги потресувале што и свртеле грб на верата. Меѓутоа оние атеисти кои биле воспитувани како католици одговориле со 32% на оваа анкета. Поранешнтие католици тоа го наведувале како причина повеќе од било кои други некогашни верници.

Нерелигиозни семејства

Скоро третина од испитаниците вели дека свртеле грб на црквата затоа што никој од нивното семејство не бил псоебно религиозен.

Образование

Студијата ги поделила нерелигиозните испитаници во подгрупи – оние кои ја бојкотираат верата, апатеисти и верници без религија. Меѓу они од правата група, најмногу има лица со високо образование (38%), додека меѓу оние кои веруваат во виша сила, но не припаѓаат на ниту една конфесија, биле помалку.

Одалечување од религиозните учења

Сепак за поголемиот дел од оние кои себе се нарекуваат нерелигиозни наједноставно објаснување и воедно најчесто е дека се одалечиле од религиозните учења. Дури 60% од испитаниците рекле дека тоа го нарпавиле поради тоа што ја изгубиле верата во религиозните учења.

 

Leave a Reply