Некогашната куќа на Хитлер денес е светилиште на ултрадесничарите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Само два знаци, еден во Германија, другиот во Англија ја означуваат локацијата на која се наоѓа Бергхов, куќата за одмор на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во баварските Алпи.

Денес тоа е музеј на отворено, кој работи од 1999. година за да го сврти вниманието на младите кои како поданици на идеите Хитлер го обиколувале Бергхов како светилиште.

Куќата е изградена во 1916. година, а местото Оберсалзберг од тогаш скоро и да не е променето. Во него, времето се уште стои.

АРИЕВСКА РАСА: Децата од тајниот проект на Хитлер се уште се живи

Минатата година куќата на Хитлер ја посетиле околу 170.000 луѓе, а др. Матијас Ирлингер кој во музејот работи од 2004. година тврди дека за жал голем број луѓе го заобиколуваат музејот кога ќе дојдат во обиколка на комплексот.

– Првата генерација по војната само сакаше да заборави, втората некаде во 1968. година по протестите ширум Европа започна да поставуваат прашања, а третата доаѓа на ова аместо често и под влијание на нацистичка пропаганда. Сепак, мислам дека сме попаметни и дека сме доволно силни за да можеме да се носиме со тоа, истакнал Ирлингер.

 

 

Тој додал дека во последните две години организирани биле голем број тури на ултрадесничарки групации од Унгарија и Чешка, во кои таквите движења се во експанзија.

Гардијан пишува дека Бергханов била куќа за одмор на Хитлер, изградена пред повеќе од седум децении. Младиот Адолф Хитлер кон почетокот на дваесетите години од минатиот век минувал време на тоа место, но не му се допаднала промена на сопственикот.

Затоа книгата „Мајн Кампф“ не ја довршил на местото на кое започнал со пишување, но целиот приход од продажбата го вложил токму за купување на куќата, која ја проширил и реновирал, па и го дал името Бергхоф.

ХИТЛЕР Е ЖИВ: 128-годишен старец тврди дека е нацистичкиот лидер (видео)

Денес во близина на некогашната резиденција стои мал патоказ кој минувачите ги упатува кон музејот на отворено во близина на куќата. Гардијан пишува дека музејот е отворен во 1999. година за да се сврти вниманието на младите кои како поданици на идеите на Хитлер го псоетувале Бергхоф како светилиште.

Не успеало, ниту во 1952 година кога околу Бергхоф бил посаден голем дрворед за да крошните на дрјвата го задаваат погледнот на комплексот. Сепак, значењето на тој објект во историјата на Третиот рајх не можело да биде во сенка.

Тоа била втора или трета најважна локација на која се собирал главниот штаб на германската војска за време на Втората светска војна, а погодност за генералот на Третиот Рајх бил теренот на кој Берххоф се наоѓа, како и големиот број тунели кои биле изградени за да пружат најсигурна можна рута за бегство.

 

 

До тие ѕиди дошле и сојузниците кои на 25 април 1945 година безмилосно го бомбардирале целиот предел верувајќи дека Хитлер од Берлин избегал токму тука.

Leave a Reply