Не може да се занимава со политика поради „непристојното“ презиме
On:
Сподели со своите пријатели
Момчето кое во својот роден град Лобес во Белгија се бори да влезе во власт, стана вест во светските медиуми, но не поради политиката за која се залага, туку поради своето презиме.
Имено, тој не може да води политичка кампања на социјалната мрежа Фејсбук, затоа што од компанијата сметаат дека неговото презиме е „непристојно“.
Тој се вика Лук Анус, а оваа социјална мрежа едноставно не го сака.
Лук (26) е кандидат на Социјалистичката партија за совет во местото Лобес, во Белгија, а кога видел дека некој на интернет споделил фотографија со неговиот изборен постер, сфатил дека ќе мора да го промени своето име, затоа на Фејсбук своето име го променил во Лук Ану.
– Фејсбук едноставно не го приваќа моето презиме, рекол тој за локалните медиуми.
Фотографијат аод неговиот изборен псотер бргу стана вирална во Белгија, а потоа и во целиот свет. Коментарите се разни, па и има и погрдни, а младиот политичар вели дека со тоа не може да се избори, пишува Метро.
Иако Фејсбук не го приваќа, Лук не е динствениот во Белгија кој го носи презимето Анус. Има уште 49 такви жители на земјата и сите живеат во регионот Валонија.