Жителите на рускиот град Уфа, останале во шок откако забележале споменик во форма на Ајфон на локалните гробишта.
Бзарниот споменик според наводите поставен е кон почетокот на оваа година, а под него почива Рита Шамиева (25) која починала во јануари 2016. година.
Споменикот го нарачал нејзиниот татко, Раис Шамиев. Освен тоа, за покојничката е позната само информацијата дека сакала да патува, како и дека имала пријатели во Германија, сето останато за неа е мистерија.
В России поставили памятник девушке в виде «айфона» https://t.co/3DbVDmzrwo pic.twitter.com/tW1JA16wQL
— InfoResist (@InfoResist) September 25, 2018
На предната страна на споменикот висок 1,5 метри изработен од базалт стои нејзиниот лик во природна големина, додека од задната страна има изгравирана камера, како и лого на ајфон.
Исто така, споменикот ги содржи сите потребни елементи за да изгледа како Ајфон.
Работник на гробиштата, Николај Јевдокимов во изјава за новинарите рекол дека првин мислел дека халуцинира кога го видел споменикот.
– Од каде паметен телефон се појави на нашите гробишта? Толку е огромен, бев изненаден. Видов многу споменици, но во форма на Ајфон, никогаш претходно, ова ми е прв пат, рекол тој.
https://twitter.com/RupostersLife/status/1044875854508163074
