Ново лице, поголеми гради и друг пол, а без хирушки зафат: Маски кои можат лесно да измамат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите љубители на седмата уметност кои понекогаш сакаат да се маскираат во ликови од филмовите многу често мораат да бидат креативни за да постигнат што подобар ефект. За да им ја олесни работата, една кинеска продавница на интернет продава силиконски маски со различни форми.

Во онлајн продавницата на сајтот „Али експрес“ можат да се најдат различни маски за лицето, како машки така и женски, а исто така и цели делови на телото изработени од силикон.

 

 

Сега секој маж многу лесно може да се маскира во жена, но и обратно.

На купувачите на располагање им се обична маска за лице, маска која ја прекрива целата глава и маска од труп која доаѓа со гради.

 

 

Во зависност од потребата и желбата на клиентот, цените се движат од 100 до 650 долари, така што оние кои би посакале да изгледаат во кожата на спротивниот пол на пример, сега тоа можат да го направат со значително помалку пари отколку што тоа би можеле да го направат рајно со хирушка интервенција.

Истото важи и за сите оние деовјки кои би сакале да имаат поголеми гради, но не сакаат пластична хирургија.

https://www.facebook.com/culturacolectivaplus/videos/2422982934385822/

Leave a Reply