Георгиевска: Стечајците ќе гласаат „за“ на референдумот (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Ќе го поддржиме законот за да утре имаме подобар живот, не поради СДСМ или Зоран Заев, туку другите да не талкаат по улици како нас стечајците, вели претседателката на Здружението на стечајни работици „УНИТ“, Лилјана Георгиевска.
– Единствено од тој аспект се приклучуваме да гласаме за. Здружението нема да се откаже, ќе постоиме се додека последниот стечаец не се згрижи, закони ќе има, предлози ќе има, додавки. Нема да остане ниту еден стечаец незгрижен, изјави Георгиевска.
Воедно, како што додава првиот човек на кумановските стечајци, уште 1.600 луѓе кои чекаат обештетување можат да аплицираат и наредниот месец, бидејќи рокот е пролонгиран до 20ти октомври.
– Дадовме сугестија да се разгледа за оние фирми каде што е променет матичниот број да можеме да искористиме тие стечајни работници што останале до крај во таа иста фирма, ако можеме и нив да ги вметнеме во тој закон, зависно од буџетот. Тука е застојот се надевам дека ќе успееме, изјави Георгиевска.
Околу 600 кумановци веќе земаат обештетување по основ на законот, додека на државно ниво таа бројка изнесува над 6.500 стечајни работници.
Во државата, како што потенцираше Георгиевска има околу 30.000 луѓе во оваа категорија, а дел од нив се уште ќе чекаат дополнителни измени на законот со цел да бидат обештетени.
Доколку не успееме сега во законот да ги вметнеме фирмите со променети матични броеви ќе продолжиме со ребаланс на буџетот и нив да ги вметнеме.
– Ние сме над 30.000 но мораме да земеме во предвид дека има помлади лица што имаат 50-55 години, потоа стечајци што немаат 15 години работен стаж додека фирмата била во државна сопственост, така што ќе се бара решение за нив, но нема да може веднаш, потенцира претседателката на здружението „УНИТ“, Лилјана Георгиевска.
Според евиденцијата на „УНИТ“ околу 1.600 кумановци се уште чекаат на финансиската помош од Законот за материјално обештетување.