Со својот изглед ги мами сите, но оваа животно е меѓу најсмртоносните на Јадранот (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Неодамна во италијанските медиуми одекна веста дека на брегот на регионот Апулија, помеѓу градовите Пескара и Бари, пронајдена е португалска галија, која спаѓа во групата жаркари, која наликува на медуза.
Иако не е медуза, навистина е едно од најотровните животни во светот. Живее на површината на морето, достигнува големина од 28 до 30 сантиметри, а на човекот со допир може да му нанесе страшна болка, поточно со каснувањето предизвикуа силна болка. Може да доведе и до срцев удар, а во најлош случај и до смрт.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, опасното животно е морски вид, кој може да биде смртоносен, поради што експертите ги предупредуваат граѓаните да се одалечат кога ќе ја видат. Проблемот е што е исклучително атрактивна па веднаш ги привлекува луѓето, особено најмладите капачи. Пред неколку години во Италија забележан е смртен случај на жена која го допрела овој вид животно.
Досега оваа животно е забележано и долж шпанскиот брег, на познатата Коста дел Сол, во водите на Малага, во Франција, а сега и на источниот брег на Италија.
Иако станува збор за се уште не така познат вид, фактот дека внесе немир и меѓу жителите, туристите, но и научницит екои истакнуваат дека во последните 10 години нејзиното појавување е двојно зголемено, што се препишува на глобалното затоплување.