Кој е Мајкл Корс, човекот кој ја купи „Версаче“ и го промени нејзиното име?

Сподели со своите пријатели

Американскиот моден гигант Мајкл Корс го потврди преземањето на Версаче за 2,1 милијарди долари, што ги вознемири фановите на оваа италијанска модна куќа.

Креативниот директор, Донатела Версаче, беше на чело на компанијата од убиството на нејзиниот брат Џани во 1997. година. „Версаче“ е 80% во сопственост на семејството, а преостанатите 20 отсто ги поседува приватната компанија „Blackstone Group“.

– Донатела ќе продолжи да води креативна визија на компанијата, рекол извршниот директор на Мајкл Корс, Џон Идол.

Идол рекол дека Версаче претставува „синоним за италијснкиот моден луксуз“, а купувањето било важна пресвртница за компанијата, која ќе се преименува во „Capri Holdings“.

 

 

Новиот сопственик планира да го зголеми пордажниот објект на Версаче за 200 до 300 продавници. Со тоа, планира и да го зголеми прометот за 2 милијари долари, делумно со зголемување на процентот на обувки и аксесоари, кои се подостапни и полесно се продаваат.

Мајкл Корс е познат како луксузен бренд, иако е помалку ексклузивен, а неговите пониски цени означуваат далеку поширока клиентела. Минатата година го купи брендот „Jimmi Choo“ за скоро 900 милиони фунти.

Кој е Мајкл Корс?

Мајкл Корс е роден во 1959 година на Лонг Ајленд во Њујорк, САД. Студираше актерство, но веќе на 14 години одлучил да стане моден дизајнер. Се запишал на „Fashion Institute of Technology“ во Њујорк, но по девет месеци ја напушти и се вработи во „Lothar’s boutique“ на Менхетен. Корс во 1981. година ја започнал својот прв бренд за женска гардероба.

Корс потоа работел за „Chapter 11“ во 1993. година, но и таа работа ја напушта во 1997. година кога торно ја лансира марката гардореба со пониски цени. Корс бил и првиот дизајнер женската „ready to wear“ гардероба во луксузната модна куќа „Celine“. Ја напушта во 2003. година, за да повторно се сконцентрира на сопствениот бренд.

Leave a Reply