Ракометарите на Куманово поразени од Металург Јуниор

Сподели со своите пријатели

За два гола ракометарите на Куманово не обезбедија победа во второто коло во втората група на Првата машка ракометна лига, откако на домашен терен беа совладани од составот на Металруг Јуниор.

Извонредна игра во првото полувреме прикажаа кумановци кои на пауза заминаа со еден гол позитива, односно резултат 16:15. Меѓутоа, второто полувреме повеќе беше наклонето на гостинскиот состав, па ракометарите на Куманово беа надиграни со три гола повеќе, со што бодовите ги однесе Металург Јуниор со резултатот 33:35.

Ова е втор пораз од почетокот на сезоната за кумановци, кои моментално се на дното од табелата без бодови, исто како и составот на Младост.

Leave a Reply