Паника во Британија: Антилопа избега од зоолошка градина

Сподели со своите пријатели

Британската полиција ги предупреди граѓаните на потенцијално опасна козолика антилопа која избегала од Зоолошката градина на западот од Англија.

Станува збор за женка од западнокавкаска дивокоза која веројатно се наоѓа во шумите кај Зоолошката градина Пејтнтон, југоисточно од Лондон, пренесува Ап.

Од Зоолошката градина наведуваат дека животното се исплашило и избегало кога работниците започне да го насочуваат стадото.

Пијан ја прескокна оградата во Зоолошката градина за да се ракува со лавовите (видео)

– Веројатно е под голем стрес, одвоена од стадото и само сакаме да ја вратиме безбедно што поскоро, рекле од Зоолошката градина.

Полицијата ги предупредила граѓаните дека животното би можело да претставува опасност ако ја вознемират луѓето кои ќе и се доближат.

Ангажиран е полициски дрон со инфрацрвена технологија за да се лоцира антилопата.

Leave a Reply