Јапонскиот пасош највреден во светот, каде се наоѓа македонскиот?

Сподели со своите пријатели

Агенцијата „Хенли енд партнерс“ традиционално го објави списокот на највредните пасоши во светот според бројот на земји во кои е овозможено „слободно влегување“.

Лидерска позиција зазема Јапонија, чии државјани можат да патуваат во 189 земји во светот без виза или ја добиваат на аеродром.

Зошто пасошите постојат само во четири бои?

Следуваат Сингапур со 188 земји, и доскорешниот лидер Германија со истиот број.

Третото место со 187 земји го заземаат Финска, Франција, Италија, Шведска, Шпанија и Јужна Кореја.

Во регионот „најголема цена“ има пасошот на Словенија, а најлоша позиција има пасошот на Босна и Херцеговина кој е на 46. позиција.

Македонскиот пасош е на 40. место затоа што без виза може да се патува во 125 држави, зад Србија која е на 36та позиција.

Зошто е забрането да се смеете на фотографија за пасош?

Најлоши рангиран е пасошот на Авганистан, односно на 102 позиција и со него без виза може да се патува во 30 земји.

Leave a Reply