Решен математички проблем стар 160 години?

Сподели со своите пријатели

Римановата хипотеза, една е од осумте математички проблеми за чие рашавање се добива награда од милион долари, а изгледа дека решението конечно пристигна.

Овој пат со нулите на зета функциите се занимавал Мајкл Атија, наградуван британско-либански математичар, а дали успеал да го реши познатиот проблем, ќе утврди комисијата.

Еден од најпознатите нерешени математички проблеми би можел наскоро да биде отстранет од таа листа.

На собирот одржан во Хајделберг, кој е исчекуван со големо нетрпение во научните кругови, пензионираниот математичар Мајкл Атија, добитник на Филдсова медала и АБелова награда, го претставил трудот за кој тврди дека е доказ на РИмановата хипотеза, главоболка која мачела многу негови колеги во изминатите 160 години.

Математички проблем кој ќе ги збуни и големите генијалци (фото)

– Реши ја Римановата хипотеза и ќе станеш познат. Ако веќе си бил познат, ќе станеш озлогласен. Никој не верува во било кој доказ на Римановата хипотеза затоа што таа е премногу тешка. Никој не дошол до решение и зошто сега некој би успеал да го реши проблемот. Освен, секако, ако немате целосно нова идеја, рекол 89-годишниот научник за време на излагањето.

Решението кое го понудил ќе мора да го провери комисија за да се утврди дали е точно, а со тоа да стане и вредно еден милион долари.

Американскиот институт за математика „Клеј“, понудил награда од милион долари секому кој ќе успее да реши некој од популарно наречените милениумски проблеми, меѓу кои и Римановата хипотеза.

Нигериецот Опејеми Енок во 2005. година исто така бил уверен дека има решение за еден од најголемите математички проблеми на сите времиња, прв пат формулиран во делото на Бербард Риман од 1859 година: „За бројот на простите броеви под зададената величина“.

Досега решен е само еден милениусмки проблем, но наградата од милион долари не е доделена. Григориј Перелман во 2010 година го одбил признанието и парите за решавање на Поенкареовата хипотеза.

Leave a Reply