Американскиот амбасадор Бејли во посета на Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во протоколарна посета на Општина Куманово денеска е американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли кој својата агенда ја започна со средбата со градоначалникот Максим Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Куманово се заблагодари на досегашната поддршка која Соединетите Американски Држави ја имаат пружено на градот преку мрежата на УСАИД.

– На овој денешен состанок разговаравме на повеќе теми, во делот на плановите како Куманово планира да се шири, да ја развива економијата, да ја развива постоечката инфраструктура , се задржавме и во делот на разговорите за развојот на инфраструктурата во делот на образованието и заедно констатиравме дека подолг временски период недостасуваат во градот капитални инвестиции за развој на воспитно – образовниот процес, изјави Димитриевски.

Како што посочи градоначалникот Куманово е пријател на американската амбасада и на граѓаните на САД, бидејќи голем број на наши сограѓани поминале и работеле за американски компании.

Општина Куманово, како што рече амбасадорот Бејли, е важна затоа што допринесува до диверизитетот на Македонија преку различните заедници и религии, индустрии и двата коридори.

– Горди сме што сега работиме на едукација и помош на одредени училишта со реконструкција, помош во развој на цивилното општество, младинскиот активизам, работа со лицата со пречки во развој, работа со луѓе кои започнуваат мали бизниси, со дел од нив ќе се сретнам подоцна денеска и се надевам дека ќе ги изградат своите бизниси, не само за македонскиот пазар, туку и за регионалниот и европскиот пазар, изјави Бејли.

Куманово крстопатот на Македонија, исто како што Македонија сега се наоѓа на крстопатот, рече Бејли, кој ги повика граѓаните да излезат на референдумот.

– Почестен сум што сум тука, на овој крстопат на Македонија, во време кога и Македонија е на крстопат со многу важната одлука која треба да се донесе претстојната недела и се надевам дека граѓаните ќе излезат и ќе го изразат своето мислење, какво и да е тоа мислење, затоа што е многу важен дел од демократскиот процес

Бејли во својата агенда денеска има среди со пратениците во Собранието од Куманово, со невладиниот сектор, а ќе посети и училиште кое ќе добие стипендиска програма за млади луѓе кои учат англиски јазик и кои денеска ќе го започнат своето двегодишно учество во таа програма.

Leave a Reply