ЖРК Куманово убедливо го совлада Цемс

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово бележат убедлива победа во третото коло од домашниот шампионат, откако на гостински терен со резултат 19:38 го совладаа составот на Цемс од Скопје.

Уште од самиот старт кумановки прикажаа убедлива игра во салата на ООУ „Христијан Ботанџиев“ во Скопје, откако направија солидна разлика која ја задржаа и до крајот на полувремето, кога на пауза се замина со предност од 14 голови, односно резултат 5:19.

Домаќинот не инзјаде сили за пресврт во резултатот ниту во вториот дел од средбата, па предноста на избраничките на тренерот Зоран Јосимовски се нижеше уште повеќе за конечни 18:38 и нови два бода на табелата за ЖРК Куманово.

Извонредна како и секогаш во гостинскиот состав беше Мила Трајковиќ која реализираше 13 погодоци, а зад неа со шест е Јована Кипријановска.

Кај ЖРМ Цемс најдобра игра прикажа Ангела Карчева со пет голови.

Со оваа победа ЖРК Куманово скокна на втората позиција во табелата, веднаш зад составот на Металург од кој ги делат два поени.

Следниот натпревар е вистинско дерби, бидејќи кумановки на домашен терен го пречекуваат еден од најголемите ривали оваа сезона, составот на ЖРК Пелистер.

Leave a Reply