Неделата на европска мобилност одбележана во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Неделата на европска мобилност денеска беше одбележана во Куманово. Стотина основци и средношколци од градот возеа велосипед низ централното градско подрачје и испратија порака автомобилите и моторите да се заменат со велосипеди.

 

Loading...

 

Настанот беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со Општина Куманово, со цел да се допре до јавната свест за значењето од користењето велосипед и пешачењето.

– Општина Куманово со Денот на мобилноста се вклучува во целиот сегмент со тоа што на оваа манифестација се повикани сите основни и средни училишта на територијата на Општина Куманово и со овој настан ќе одбележиме општина Куманово како се вклучува во денот на мобилноста кој што е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави Бојан Петковски, сообраќаен инжинер од Секторот за сообраќај при Општина Куманово.

 

 

Апел за одговорно однесување во сообраќајот испрати градоначалникот Максим Димитриевски, кој вети дека локалната самоуправа во рамките на своите можности ќе реализира проекти за подобрувње на сообраќајната инфраструктура во градот.

– Општината веќе влезе во постапки за избор на понудувачи и изведувачи за катна гаража, пред Центарот за култура и воедно изготвуваме сообраќајни решенија за влезот на градот за крстосница од тип на кружен ток, а со тоа сметаме дека ќе се забрза протокот на возилата кои излегуваат и влегуваат во градот и веќе отворивме постапка за изработка на стратешки документ, а тоа е сообраќајна студија за Општина Куманово, документ кој никогаш не е донсен и се надевам дека ќе смогнеме сили конечно да го исфинансираме тој проект бидејќи е еден од најскапите оваа година, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Сепак и покрај промоцијата на велосипедизмот, и оние велосипедски патеки кои ги има градот се узурпирани од несовесните возачи. Градоначалникот Димитриевски вети дека патеките на двата булевари ќе се ослободат за граѓаните.

– Веќе порачавме проект за еден од булеварите, а тоа е „Октомвриска револуција“ кој е во завршна фаза за поставување на пластични столбчиња за да може да се одбележат овие сообраќајни површини, а воедно и да спречат несовесните возачи да ги паркираат своите возила на сообраќајните површини, изјави Димитриевски.

 

 

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а првпат беше иницирана во Франција  во 1998 година. Во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

https://kumanovskimuabeti.mk/galerija-nedela-na-evropska-mobilnost-vo-makedonija/

Leave a Reply