На муслиманите во Индија им се забранува „моменталниот развод“

Сподели со своите пријатели

Влада на Индија ги одобри мерките со кои ќе биде спроведена одлуката на индискиот суд за забрана за „моментален развод“ на муслиманите.

„Моменталниот развод“ се врши така што мажот три пати го кажува зборот „талак“, што на арапски значи развод, наведува АП.

Разводот е важечки и ако мажот на лист хартија го напише зборот или го забележи во електронска форма, а важи во било кој момент и мажот не мора да изговара три пати поред, додава агенцијата.

https://kumanovskimuabeti.mk/indija-nevestite-od-ministerot-dobija-drveni-paki-za-da-gi-tepaat-pijanite-sopruzi/

Досега, таквата пракса беше легална во Индија, меѓутоа судот донел одлуката дека „талак“ ги крши уставнит еправа на муслиманските жени, наведува АП.

Поголемиот дел од 170 милионио сунити во Индија се водат од законите кои дозволуваат ваков вид на развод.

Владата ќе има шест месеци да добие одобрување од парламентот за да мерките станат закон, но и во текот на тој период мажите ќе одогвараат за користењето на таквиот вид развод.

Leave a Reply