„Локална прегратка“ е проектот кој го реализираат Општина Куманово, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, со кој дваесетина невработени лица ќе бидат нагажирани да им помагаат на лицата со посебни потреби во градот.

Проектот, како што информираше проект координаторот Татјана Стефановска, се состои од три проектни идеи, првата се однесува за целната група лица со интелектуална попреченост во двата дневни центри во општината.
– Тука за потребите на тие корисници ангажиравме шест лица во вид на ментори за развој на личните афинитети на лицата, помош при осамостојување и извршување на секојдневните работи, така што тука ангажиравме лица кои што се професори по физичко образование, професори по музичко образование, кои што секојдневно работат и ма резултати. Втората проектна идеја се оденсува на целната група – ученици со интелектуална попреченост кои се вклучени во инклузивното образование во нашите основни училишта . оваа година вклучивме образовни асистенти во пет училишта, тука е индивидуална работа, значи еден образовен асистент на еден ученик со попреченост, изјави Стефановска.

Трета година по ред се ангажирани и образовни асистенти кои ќе им помагаат на децата со попреченост во основните училишта К„очо Рацин“, „11 Октомври“, „Толи Зордумис“, „Магдалена Антова“ и „Наим Фрашери“.
– Ангажираните лица имаат обврска секој месец редовно да се пријавуваат во агенцијата за вработување и понатаму се водите како невработени лица, се надевам дека улеството во овој проект во иднина ќе ви помогне полесно да се прилагодите на пазарот на трудот што е и една од целите на оваа програма, а од друга страна ќе имаме бенефит како општина што чќе ја имате таа можност ние преку вас да пружиме услуги на крајните корисници на нашите граѓани, додава Стефановска.

Гадоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, смета дека на ваков начин ќе се даде голем придонес децата да се чувствуваат соодветно уважени во секојдневните активности.
– Иако ова е мал проект сметам дека истиот ќе даде и голем придонес за развој на сеопштата свест кај граѓаните во нашата општина бидејќи се соочуваме со сериозни проблеми во општеството, за жал имаме голем број на вакви сограѓани кои што не се опфатени со проекти и проектни активности и воедно ја користам оваа прилика да апелирам и до самите родители на ваквите наши сограѓани да бидат похрабри, да се одважат едноставно да се соочат со реалноста и да ги споделат тешкотиите заедно со сите нас. Општината во рамките на своите можности ќе продолжи да дава придонес и да даде значење на овие наши сограѓани , нема да дозволиме да останат маргинализирани ни во општина Куманово, ни во државата. рече Димитриевски.

Целиот проект изнесува 2,7 милиони денари, од кои по 1.350.000 денари преку АВРМ и Општина Куманово. Асистентите ќе работат со половина работно време при што ќе примаат надоместок од 9.000 денари месечно.










