Ракометарите на Куманово поразени од Вардар Неготино

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов со пораз ја започна сезоната, откако на гостински терен беа совладни од составот на Вардар Неготино со резултат 28:22.

По скоро израмнетото прво полувреме, каде домаќинот имаше предност од само еден поен со резултат 14:13, во вториот дел од средбата опадна концентрацијата на кумановци, момент кој вардарци го искористија резултатски да се одлепат од кумановци.

Иако вложија се од себе, кумановци немаа сили да направат пресврт во резултатот и сезоната ја стартуваа со пораз.

Куманово оваа сезона се натпреварува во втората група од Првата машка ракометна лига.

Leave a Reply