Туристите кои го посетиле сафари паркот Јхалана, во близина на Џајпур, Индија, снимиле неверојатно видео на кое можеме да видиме конфликт на куче и леопард. Група авантуристи налетала со возилото на куче кое лежело среде пат во индиското сфари.
Меѓутоа, зад грмушките се криел леопард кој очигледно чекал вистински момент да излета и да го изненади кучето. Тоа и се случило…
Залутан гепард затвори една од најголемите фабрики за автомобили (видео)
Леопардот скокна врз кучето, кое наликува на златен ретривер, а тој инстиктивно започнува да лае на животното без оглед на неговите предаторски способности.
Неверојатно, но леопардот започна да се повлекува назад во грмушките.
https://youtu.be/JDUq8I-mJCo

