Археолозите во Египет пронашле статуа од сфинга кај храмот во Ком Омбо, соопштуваат египетските власти.
Сфингата е пронајдена при градежни работи за заштита на храмот од подземни води. Храмот се наоѓа околу 40 километри северно од Асуан.
Генералниот секретар на египетското министерство за антиквитети Мустафа Вазири рекол дека се верува дека статуата со тело на лав и човечка глава е од периодот на кралството на Птоломеј.
При градежните работи археолозите претходно годинава пронајдоа биста на римскиот цар Марко Аурели.
Египетските власти се надеваат дека ваквите откритија ќе допринесат за развојот на туризмот во Египет кој е загрозен со политичките превирања по бунтот во 2011. година.


