Кабадајас и Фирс од Македонија, Висар Кучи од Косово, Васил Хаџиманов Бенд од Србија и Дром од Грција утре ќе го отворат „Kumanovo Hangout Music Festival“ кој утре во 19 часот започнува пред градските базени. Паралелно веќе се одржуваат тениските турнири, а во сабота се очекува кулминацијата на настанот, кога ќе настапт многу музички имиња, ќе се одржат и турнири во кошарка и пливање.
Билетите веќе се во продажба, а од организацискиот одбор на кумановци им ветуваат неповторлива забава.