Сакате да се борите против вонземјани? Купете си босанско „Југо“

Сподели со своите пријатели

Необични огласи секогаш знаат да насмеат или изненадат, но огласот на еден Босанец ги помери сите граници. Сопственикот на еден сајт понудил „југо 45“, кој е обвиткан во алуминиумска фолија и има сателит на „НАСА“ на кровот.

Тврди дека овој необичен дизајн е направен со цел, затоа што автомобилот е невидлив на вонземските радари.

Во описот се наведува дека возилото е направено како ограничена серија на специјализирани борбени возила за борба против непознати објекти од вселената. Располага со 1.066 коњски сили, а максималната брзина не е позната.

Како што пренесуваат тамошните локални медиуми, од опремата за употреба на Земјата има: десен ретровизор, резервно тркало, флип-ап сајла за шлепање, амбиентално осветлување (над 1.000 бои, можен автоматски или мануелен мод), ауспух, паке опрема за полиција, карта од светот, мобилно светлечко радио, чип за тјунинг…

 

 

– Освен тоа, возилото воопшто не е забележливо на аптот така да може да се користи и во други цели, најчесто прељуба, стои во огласот.

Со возилото доаѓа и „опрема за вселената“: сателитски комуникатор со сите можни фрекфенции подесени така да не го попречуваат воздушниот сообраќај, може да лоцира повеќе објекти истовремено на различна одалеченост (во светлосни години), обложен е со фолија непробојна од вонземски ласери, невидлив за било каков вид НЛО радарски системи. Со возилото добивате и космички одела.

Почетната цена е 510 евра, а возилото наводно се наоѓа во Бања Лука. Она што насмеја многумина е што возилото може да се добие во замена за „обична цивилна варијанта, крава, коза, свиња и ајкула, но дракула не минува“.

Leave a Reply