Ужасни снимки од Фарските острови прикажуваат како водата станува црвена додека риболовците ги убиваат делфините. Фотографиите ги направила активистичката група „Sea shepherd“ и ја покажуваат повеќевековната традиција позната како „grindadrap“.
Животните се убивааат откако се намамени во плитката вода. Фотографиите од селото Хвалвик покажуваат животни со големи рани кои се направени од страна на мештаните. Активистите редовно ги следат сите акции на населението и наведуваат дека ова е 11 пат оваа година да се случуваат буиствата. Тие ги повикале Фарските острови, протекторатот Данска, како и данската влада, да стават крај на убиствата на животните.


