Три улици во Куманово ќе добијат нова водоводна мрежа
On:
Сподели со своите пријатели
Улиците „Србо Томовиќ“, „Страшко Арсов“ и „4 Јули“ наскоро ќе добијат нова водоводна мрежа, откако заврши тендерската постапка за избор на изведувачот на проектот.
За реконструкција на мрежата на овие три улици од општинскиот буџет ќе бидат издвоени 26.742 евра, а градежните зафати ќе ги реализира компанијата „Дан са трејд“ од Скопје, која доставила најниска понуда на претходно објавениот тендер на Бирото за јавни приходи.