Во подрум на театар пронајдени над 300 монети вредни милиони (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 300 монети од времето на Римското царство пронајдени се во подрум на театрот „Кресони“ во местото Комо, северно од Милано.

Тетарот бил затворен во 1997. година, а археолозите веќе некое време работат на ископување  пребарување на теренот околу објектот, со оглед дека недалеку од него се наоѓа уште еден локалитет, на кој се пронајдени бројни значителни историски предмети.

– Се уште не знаеме кој ги оставил монетите тука, меѓутоа по начинот на кој парите се сокриени, би рекле дека некој тука ги оставил во брзање. Како да станувало збор за некоја опасност, а лицето кое ги оставило монетите, веројатно одлучило така во надеж дека ќе се врати по нив, наведуваат археолозите.

Недалеку од монетите, археолозите пронашле и златна прачка.

Со оглед на тоа дека монетите била наредени на сличен начин како што денеска ги редат во банкарските сефови, се претпоставува дека и овие пари се јавна сопственост.

Министесрвото за култура се уште не ја одредило вредноста на моетите, а според слободна проценка во прашање е цифра од неколку милиони долари.

Leave a Reply