Властите во Виетнам: Не јадете месо од кучиња!

Сподели со своите пријатели

Челниците на престолнината на Виетнам побараа од граѓаните да престаат да консумираат кучешко месо, затоа што тоа му штети на имиџот на градот, а неправилното одлгедување и убивање на животните би можело да рашири и беснило.

За многу Виетнамци месото од куче е деликатес, за кој се верува дека ја зголемува издржливоста, пренесува АП.

Се жигосуваат за да го свртат вниманието на светот за суровоста кон животните (видео)

Заменик на градоначалникот на Ханои, Нгујен Ван Су, на веб сајтот на градот порачал дека убивањето и косумацијата на кучешко и мачешко месо ги вознемирува странците и негативно влијаат на сликата на цивилизирана и модерна престолнина.

Су дал инструкции на локалните власти да ја зголемат свеста од ризикот за избивање на беснило при одгледувањето на кучиња и мачки.

Тоа е дел од национална програма за искоренување на беснилото до 2021. година.

Leave a Reply