Нова фасада, прозорци и санитарни јазли доби Општинското основно училиште „Вера Которка“ во село Клечовце, проект спроведен со 15.000 евра финансиска помош од Амбасадата на Република Чешка.
Денеска училиштето го посетија амбасадорот Мирослав Томан и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Првиот човек на градот упати благодарност до граѓаните на Република Чешка за донацијата на проектот кој бил договорен пред шест месеци.
– Се заблагодарувам на граѓаните на Република Чешка, на сите вработени во амбасадата, лично на амбасадорот, изведувачот и сите кои беа вклучени во реализација на овој проект. Сакам да се заблагодарам на сите вас кои учествуваат во воспитно образовниот процес, давате голем придонес бидејќи од тука излегуваат добро обучени и подготовени ученици кои своето образование го продолжуваат во некое од средните училшта каде забележуваат сериозни резултати.


