Ват Ронг Кун, попознат како „Белиот храм“ е некогашен будистички храм во Чијанг Раиу на Тајланд.
Го дизајнирал во 1997. година тајландскиот сликар Челермчаи Коситпипат, кој одлучил да ја промени професијата и да стане архитект. Овој величенствен хран базиран е како спој на традиционалната тајландска архитектура и надреализмот.

Главната зграда е со бела боја, што ја симболизира чистотата на Буда, а прекриен е со мозаици од огледало кои прават одлбесок од сонцето. Целиот комплекс е со скулптури од демони, черепи, исечени глави и други бизарни предмети.

За да дојдете до храмот, морате да минете преку мостот под кој се наоѓаат скуплтури на илјада испружени раце кои симболизираат желба. Кога ќе го поминете мостот на пеколот, како што го нарекуваат, нема враќање, затоа што патот е само напред. Постои и стражар кој има задача да вика на посетителите ако тргнат на назад. Симболиката на преминувањето на мостот од „пеколот“ до „рајот“ означува будистички пат на просветлувањето.

Во внатрешноста на храмот нема да видите традиционални сцени од животот на Буда, туку сцени и икони од популарната култура. Наместо слики од херои кои се борат против демони, уметникот сепак се одлучил за современа манфиестација на доброто и злото. На ѕидовите се осликани Бетмен, Супермен, Предатор, па дури и Кијана Ривс (како Нео од Матрикс“), вселенски бродови, војна на световите и напад на нашата планета. Тоа се само некои од сцените кои ја красат внатрешност ана овој необичен будистички храм.

Во глетката од разорување и гнев, со златни цветови кои го опкружуваат, мирно седи белиот Буда пред уште поголемиот Буда, кој е опкружен со ангели кои лебдеат кон некое небесно кралство.

Ват Ронг Кун се уште не е целосно завршен, а сосема е сигурно дека ќе се гради уште долг низ години. За жал во 2014. година силен земјотрес кој го погодил Тајланд го оштетил храмот.


