Студентка добила кобна болест поради грицкање нокти, палецот и станал црн

Сподели со своите пријатели

Кортни Витрон (20) развила грда навика за грицкање нокти кога започнале да ја малтретираат во училиште, а во 2014. година успеала поради нервоза целосно да го искорне ноктот на палецот.

Се испаничила кога видела дека ноктот започнал да станува црн, но поради срам молчела и криела и од родителите и од пријателите цели четири години. Кога конечно отишла на лекар, и рекле дека предизвикала траума на нактот што тој развил редок облик на меланом.

Девојката минала низ неколку операции за да и биде отстрането канцерогеното ткиво. И покрај силниот труд на хирурзите да и го спасат палецот, на крајот морале да го ампутираат.

– Кога дознав дека поради грицкањето на ноктите имам добиено рак, тоа ужасно ме потресе. Размислував дека самата сум виновна. Кога ќе помислите колку деца ги грицкаат ноктите, лудо е да се види што може да излезе од тоа, рекла таа.

 

 

Иако нејзиниот нокт бил инфицирна четири години, таа досега не реагирала.

– Бев совршено свесна колку беше црн. палецот постојано го држев во дланката затоа што не сакав некој да го види, дури ни моите родители. Малку се испаничив кога кожата започна да црнее, па конечно го покажав својот проблем. Секогаш носев вештачки нокти за да тоа го сокријам. Беше толку црн и тенок како хартија. Кога дојдоа резултатите се шокиравме – имав малиген и многу редок вид на меланом. Мојата мајка започна да плаче, се присетува студентката по психологија, која минала две операции за отстранување на болното ткиво, но на крајот немало друга опција освен да и се изече палецот до првиот зглоб.

Иако се минало добро, несреќната девојка се уште не знае дали се слободила од ракот.

– Се уште ги чекам резултатите. Ако е се чисто , ќе морам да бидам под надзор следните пет години и редовно да одам на проверки. Со оглед дека мојот меланом е редок, не се знае стапката за преживување ниту висината на ризикот од неговото враќање. Ако случајно се врати, ќе мора да сечат се додека не добијат чисти резултати, заклучува таа.

 

 

На 16 години станала жртва на врсничко насислтво, а поради стресот започнала да ги гризе ноктите.

– Целиот живот ги грицкав ноктите, но во 2014. година бев хронично злоставувана на училиште. За мене започнаа да кружат гласини и луѓето ме избегнуваа. Грицкањето на ноктите ми беше механизам кој ми помагаше да се носам со тоа. Понекогаш не ни знаев дека ги грицкам ноктите, само се случуваше. Дури и не бев свесна дека сум го откорнала целиот нокт од палецот додека не започна да тече крв од прстот. Тој никогаш не израсна еднаков. Растеше само од страна и јас редовно го грицкав додека не поцрне, опишува таа.

Leave a Reply