Место во кое можете да живеете само ако имате оперирано слепо црево
On:
Сподели со своите пријатели
Животот на Антарктик не е лесен особено ако се земе предвид дека температурите во зима се спуштаат и до -50 степени, па жителите и по неколку недели не излегуваат до куќите.
Чилеанското село Вила лас Естрелас се наоѓа на Антакркиток, а се работи за истражувачка и воена база која е одалечена илјадници километри од првата поголема болница, па луѓето тука можат да се доселат само ако имаат оперирано слепо црево.
Тоа правило важи и за научниците и воените лица кои претежно ја населуваат оваа база, но не и за нивните семејства.
Во самото село има само неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Затоа оние кои доаѓаат тука мора да бидат подготвени на фактот дека итните операции не можат да се изведат на лице место, па се прилагодуваат на таквите услови за живот.
Исто така на жените кои живеат во оваа база не им се препорачува да забременат.
Лете тука живеат дури 150 жители, а во зима бројката е преполовена. Селото е опремено со основни институции – има мало училиште, пошта, банка, теретана, руска православна црква и мала сувенирница, па дури и хостел со дваесетина кревети.
Комуникацијата со остатокот од светот ја одвиваат преку сателитски телефони, а на училиште има и неколку компјутери со пристап до интернет.