Усхепхот на пионерите од кумановско на Југословенските пионерски игри од 1962 година

Сподели со своите пријатели

Советот на друшатавата за грижи и воспитување на децата и младината на Југсославија, во соработка со заинтересираните органи и општествени организации, секоја година давал иницијатива за организирање разновидни активности на воразните и децата.

Активностите добиле заедничко име Југословенски пионерски игри.

Од 29 неомври 1960. до 29 ноември 1961 година биле организирани Југлословенски пионерски игри кои се одвивале под паролата „Моето место вчера, денес и утре“.

Бо игрите се вклучиле сите училишта од подрачјето на Кумановската околија. Југословенските пионерски игри ги раздвижиле разновидните слободни ученички активности, а учениците со помош од своите учители и нставници се дале на истражувачка работа во врска со минатото, тогашниот развиток и перспективата на родниот крај, внесувајќи широка фантазија, мисли и желби родното место да стане поубаво, попријатно и поразвиено.

Преку ликовно обликување макети, литературни творби, собирање стари монети, фотографии, архивски материјал, садови и друга документација, пионерите пројавиле стремеж што пореално да го прикажат својот роден крај, неговото минато, тогашноста и иднината, со интересни предвидувања за економскиот и општествениот развиток на населените места, преку воведување електрификација, железнички сообраќај и индустријализација, не заборавајќи да ги потенцираат и техничките недостатоци за патување во космосот.

Најголеми резултати во Југословенските пионерски игри „Моето место вчера, денес и утре“, постигнале пионерите од Кратово во ликовното и музичко воспотување, од Крива Паланка во теничките достигнувања и од Жидилово во слободните активности, добивајќи ги првите републички награди на Советот за просвета на Народна Република Македонија и „Нова Македонија. Наградите биле телевизор, комплет алати за политејничка работилница, библиотеки и слично.

Непомали успеси на игрите имале и пионерските одреди од училиштата во Куманово: „Крсте Мисриков“, „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“ и „Вук Караџиќ“, како и оние во селата: Пчиња, Скачковце, Драгоманце, Слупчане, Матејче, Псача, Шлегово и други.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 7 (четврток, 1 февруари 1962. година)

Leave a Reply