Времињата во Вашингтон се чудни и збунувачки. Се зборува за состаноци на политички оперативци со Русија, а Белата куќа е во спор со сопствените разузнавачки служби. Но, сето тоа допринесува за поголем интерес за тајниот све на шпионажата и оди во рака на директорот на Меѓународниот музеј за шпионажа во Вашингтон.
Иако политичките интриги секојдневно се одигруваат само неколку улици понатаму, Музејот на шпионажата се држи подалеку од тоа. Новиот директор вели дека музејот се занимава со факти и објективни информации, а дека политичката реторика ја остава на поранешните разузнавачи и аналитичари.
– Службениците кои излегле од администрацијата имаат право да зборуваат што сакаат. Ние се фокусираме на актуелните афери. Наша цел е да ја информираме јавноста низ историјата, односно да ставаме актуелни настани во историскиот контекст, вели Крис Коста, директор на музејот.
Поколвникот Крис Коста е повеќе заинтересиран за едукација на заинтересираната јавност за тоа како од внатре изгледаат техниките на шпионажата, што добро го знае од прва рака, затоа што 34 години работел во разузнавачката служба на американската војска.
Признава дека му требало време да се навикне на улогата директор на Музејот за шпионажа.
– Но, искуството на крајот испадна катарзично, затоа што имам одлична можност на јавноста одговорнода ја ја раскажам својата приказна, додава Коста.


