ЖРК Куманово се подготвува за новата сезона

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово активно се подготвува за стартот на новата сезона во Првата женска ракометна лига. Со амбиции за врвни резултати и освојување на титулата, ракометарките се од летните одмори веднаш се вратија на спортските терени каде тренираат напорно.

Изминатата недела одиграа неколку пријателски натпревари во Србија, два со составот на Прокупље и по еден со ЖРК Ниш и ЖРК Јагодина.

Како што изјави тренерот Зоран Јосимовски, токму овие натпревари биле со цел да се убидат недостатоците и да се поработи активно со цел поуспешен старт на сезоната.

– Натпреварите беа успешно реализирани, дојдовме до заклучок што треба да биде корегирано и во кој правец треба да продолжиме да се движиме. Од сезонава очекував успех, без повреди и можност за највисок можен резултат, освојување на титулата. Задоволен сум од новите засилувања, вклопени се комплетно, функционираат, веќе работиме  на уигрување на поединци и групи за да може целиот тим да функционира во најдобар ред, изјави тренерот Јосимовски.

Како што истакнаа и самите ракометарки тренинзите се напорни, но се со цел подобро да бидат подготвени за совладување на противниците во новата сезона.

– Тренираме активно и напорно, очекувањата ни се големи, планираме оваа година да го освоиме првото место во Женската супер лига, тренинзите се одлични, девојките се топ, имаме добра екипа и се надеваме на првото место во македонската супер лига, изјави ракометарката Сања Дабевска.

– Очекуваме оваа сезона да се пласираме на првата позиција затоа што сме добра екипа, добро се подготвувавме и се надевам дека тие очекувања ќе ги оствариме и ќе се покажеме во најдобро светло, изјави репрезнтативката Александра Боризовска.

Првиот противник сезонава е екипата на ЖРК Вардар, но со значително ослабнат состав од минатата сезона. Од кумановскиот клуб очекуваат сезоната да ја отворат со победа и со тоа темпо да продолжат се до освојувањето на титулата.

Leave a Reply