Кумановец ги претепал сопругата и ќерката

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Б.(55) од село Орашац, кумановско, за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Како што информираат од полицијата, на 12 август околу 17,40 часот во неговиот дом пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, а при обид да биде спречен, истиот физички ја нападнал малолетната ќерка, нанесувајќи и телесна повреда.

Leave a Reply