Со големи амбиции вчеравечер започнаа првите подготовки за новата кошаркарска сезона во Куманово.
Loading...
Кошаркарите под тренерска палка на Александар Петровиќ ги стартуваа тренинзите во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ каде ќе се играат и натпреварите од октомври додека трае реновирањето на градската спортска сала.
Адем Мекиќ, Игор Пенов, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ ќе бидат носители на играта оваа сезона, кои заедно со Миодраг Тодоровиќ и Дамјан Миса, кој вчера потпиша едногодишен договор со клубот, ќе се трудат клубот да го издигнат на повисоко ниво од претходната сезона.
Loading...
Нив друштво ќе им прават и играчи од младинскиот погон, но кој од десетината повикани на првиот тренинг ќе се придружи на главната петорка допрва ќе се одлучува.
Плејмејкер и центар се она по што се уште се трага, рече тренерот Петровиќ.
– Сигурно ќе се земе искусен плејмејкер, во преговори сме со два-тројца играчи, мора да се засилиме на таа позиција и еден играч под кош, значи центарска позиција. Тоа би било за почетокот на подготовките, понатаму ќе се доселектира тимот. Подготовките од првите 15 дена сме тука во Куманово, поради финансиската состојба во клубот сигурно и ќе останеме тука. Во план се пријателски средби, од 10 до 12 натпревари да се играат во септември, по овие физички припреми, имаме турнир во Смедеревска паланка од 21ти до 23ти, закажани се два натпревари по турнирот, во Белград со Земунска младост, имаме понуда од Раднички Крагуевац да одиграме натпревар, сигурно дека ќе играме неколку и во Куманово да го претставиме новиот тим на кумановската јавност, изјави Петровиќ.
Правиме екипа со доста млади играчи рече Петровиќ кој изрази надеж дека од клубот годинава ќе излезе и некој млад играч од кумановската кошарка.
Loading...
Резултатот нема да биде приоритет сезонава, рече новиот спортски директор на клубот, Дамир Мулиќ, кој истакна дека цел засега ќе биде стабилизацијата на клубот, како финансиски, така и структурно.
– Првин би се заблагодарил на овие играчи што дојдоа во КК Куманово, затоа што препознаа проект кој ние го направивме, а тоа е петгодишен проект во кој имаме амбиции, оваа сезона можеби на пониско ниво, но од следните сезони имаме амбиции да се натпреваруваме на сите полиња, да излеземе во Европа и да бидеме фактор во македонската лига, а тоа го покажуваат и новите засилувања. Го донесовме Дамјан Миса, кој е младински репрезентативец, извонреден потенцијал, направивме многу разговори да го донесеме во Куманово и тоа е нова приказна која се обидуваме да ја форсираме, а тоа е работа со млади кошаркари и да продолжиме со континуитет во Првата лига да имаме резултат, изјави Мулиќ.
Сезонава за прв пат во Куманово ќе се игра во сите селекции М12, М14, М16, М18, но ќе се формира и состав кој ќе се наптреварува во втората лига.
Интернационалците Ковач и Ѓекиќ велат дека ова ќе биде спој на младост и искуство со цел остварување подобар пласман од минатогодишниот.
– На нас постарите е младите да ги воведеме и сигурно во претстојниот период ни претстои напорна работа, да се подготвиме што подобро и да покажеме завидна игра и кошарка која кумановската публика, како најдобра во Македонија заслужува да ја гледа. Ние сме натпреварувачи, кој и да е на теренот ќе даде максимум, кошарката е спорт со борба за победа и тоа е единствено за што се бори, така да верувам дека сите, а јас прв, можеби како највозрасен, сум мовитивар со енергија и знаење да помогнам да се пружи што подобар резултат. Се надевам дека ќе се пружи максимум, а кога ќе се пружи максимум со една добра атмосфера и една добра хемија со одличен тренер која ја знае кошарката и тоа да го сложи како треба, сигурно ќе дојде и некој резултат, изјави Мирко Ковач.
Loading...
Неблагодарно е да се зборува за предвидувањата затоа што малку играчи останаа од мината сезона, рече Бранислав Ѓекиќ, кој порача дека ќе се даде се од себе да се направи подобар резултат сезонава.
– Ова е тим кој има млади играчи, кој не можам да кажам дека се неисусни, но имаат доволно талент за да се направи една квалитетна екипа, така да мислам дека е рано да се зборува за поголеми прогнози за оваа сезона. Можам да кажам дека ова е нова улога, прв пат сум во некоја екипа, да кажам дека сум меѓу постарите играчи, иако немам години за да бидат меѓу постарите, но сепак сум во група со повозрасните и за мене ова ќе биде ново искуство и ќе дадам се од себе да бидам на ниво на задачата, изјави Ѓекиќ.
По целосното формирање на ростерот ќе биде познато и кој ќе биде капитенот на клубот, а изборот ќе го направат самите играчи.