Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.
Вкупно 65 штеки цигари од марките WEST, BOSS, Winston, Lucky Strike и Marlboro биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонско комбе управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари биле пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото. Возилото и цигарите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.
Вкупно 72 парчиња додатоци на исхраната PRIMED, откриени биле од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.


