Маж од Индија минал скоро 40 години сајдеќи дрво секој ден на изолиран остров на кој сега има голема шума, дом за тигри и 115 слонови.
Џадав Пајенг е човек кој најмногу и дал на природата, а најмалку зел од неа.
Со своите десет прсти успал да создаде шума поголема од Централ Парк во Њујорк.
Loading...
Џадав живее на најголемиот речен остров во светот – Мајули ин Асам во Индија.
Него ужасно го погодиле последиците од екстремните поплави од 1979. година и долучил работите да ги земе во свои раце.
Со цел да спречи понатамошни свлечишта на својата земја, тогаш 16-годишното момче одлучил секој ден да сади по едно стебло, а 39 години подоцна, неговата шума покрива 1.360 ари и во неа живеат бенгалски тигри и 115 слонови.
Џадав, татко на три деца, минал години сајдеќи ги дрвјата, а светот за него слушнал откако во 2007. година за него пишува новинарот Џиту Калита.
Новинарот за Џадав снимил документарец „Шумски човек“ кој досега е прегледан неколку милиони пати.