Труењето на кучето кое е користено за спасување на преживеаните во земјотресот во Италија, предизвика повици за построги казни против сторителите на ваквите напади.
Сопственикот на германскио овчар Каос, соопшти дека неговото куче е отруено во бавчата.
Полицијата го истражува случајот, пренесува АП.
Инаку, Каос помагал во потрагата по преживеаните во градот Аматриче по земјотресот од 2016. година, а учествувал и во потрага по исчезнати.
Пратеничката Микела Брамбила за АП изјавила дека се надева оти смртта на Каос ќе помогне во усвојувањето на законот кој го предложила кон почетокот на годината.
– Смртта на Каос ја допре совеста на италијанскиот народ, рекла таа.
Труењето кучиња во Италија не е вообичаено, наведува американската агенција.