Со 68 гласа „за“ Собранието одлучи да се распише референдумот за името и истот ќе се одржи на 30 септември годинава.
Прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името помеѓу Македонија и Грција“, а истиот договор предвидува името на државата да биде Република Северна Македонија, јазикот македонски, а националноста македонска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти вчерашната седница со образложение дека прашањето е манипулативно, но се уште нема официјална потврда дали ќе го бојкотираат референдумот.