Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои ќе сакаат националниот празник Илинден да го прослават во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
– Почитувани, сограѓани во име на Општинската организација на СДСМ-Куманово и во мое лично име сакам да Ве поканам на прославата на големиот македонски празник Илинден 2-ри август во Меморијалниот центар – Пелинце, кој се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност, изјави Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.
Меморијалниот центар Пелинце ќе го посети владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев, а по неговото обраќање ќе следува и богата културно-уметничка програма.
Автобусите тргнуваат во 08:30 часот во четврток од паркингот пред Градскиот базен.