Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.
Како што информираат од полицијата вчеравечер околу 20,30 часот, во Куманово на раскрсница помеѓу улиците “Трета Македонско ударна бригада“ и “Бајрам Шабани”, пријавениот физички го нападнал И.Т. по што И.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентениот Центар во Куманово.