Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев означи почеток на изградбата на спортска сала за ООУ „Јероним Де Рада“ во кумановското село Черкези.
На настанот присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за внатреши работи Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Loading...
Салата ќе биде со површина од 650 метри квадратни, а ќе овозможи на околу 520 ученици да посетуваат часови за спортување и физичка активност.
Како што посочи премиерот Заев, со оваа спортска сала ќе се овозможат услови за да бидат откриени спортски таленти на децата од овој крај.
– Владата на Република Македонија е силно определена да ги поддржи проектите што се од интерес на граѓаните и значат подобрување на квалитетот на живот и од тие причини продолжуваме со изградбата на спортски сали во училиштата во Македонија. Училиштата ни се од исклучителна важност во намерата да инвестираме со сите расположливи ресурси и капацитети и развојот на спортската инфраструктура и условите за спортувањето како начин и стил на живот во Република Македонија, рече Заев.
Според премиерот, спортските навики, дисциплината, тимската работа, почитта, лидерство и солидарноста се работи кои треба да се развијат кај младите и од тие причини ќе се создаваат услови за зголемен број на часови во основните и средни училишта.
– Спортот ќе се врати во училиштата со креирање спортски систем, со кој ќе се започне со натпревари, активности од класните и меѓукласните натпревари во училиштето, завршувајќи со национален систем на натпревари, со учество на училишни победници и репрезентации од секоја општина во сите степени од образованието. Изградбата на спортската инфраструктура ќе биде основата на која ќе се реализираат овие цели, рече Заев.
Loading...
Оваа сала е дел од проектот на Владата и Министерството за образование и наука на Република Македонија за изградба на 145 спортски сали.
– Ова што денес го најавив за реконструкција на училиштата во учебната 2018/2019, како и оваа спортска сала која наскоро ќе биде во служба за спортските активности за учениците на „Јероним Де Рада“ е само мал дел од плановите за регулирање и подобрување на образовниот систем на Република Македонија. Тоа е во духот во кој што бевме едуцирани, воспитувани од страна на нашите родители, тоа е аманет од постарите генерации, тоа е наша определба за образовните политики, рече министерот за образование и наука, Арбр Адеми.
Последната капитална инвестиција во делот на образованието датира од далечните осумдесетти години, рече градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
– За време на изборите почитуван премиере рековме дека Македонија му должи на Куманово. Денеска Владата на Република Македонија на чело со вас излегува пред кумановчани и започнува со раздолжувањето кон општина Куманово и граѓаните. Можеби со овој мал градежен проект, но со големо дело за сите кумановчани, вртиме една нова страница, во Куманово отпочнуваме со инвестиции и ќе реализираме голем број инвестиции. Здравјето на граѓаните и образованието на нашите најмали, безбедноста на граѓаните ни е секогаш приоритет број еден, затоа со изградба на оваа спортска сала ќе дадеме свој допринос, но тука ќе започнеме со реализација заедно со ресорното министерство, со Владата за поголем број инфраструктурни проекти, рече Димитриевски во своето обраќање.
Спортската сала се очекува да биде готова пред почетокот на второто полугодие од учебната 2018-2019 година, и ќе претставува прв спортски објект во селото Черкези по цели 50 години.