Гроб стар 5.000 години пронајден е во подрачјето на Караганди, Казахстан, а во него се погребани праисториските Ромео и Јулија. Во непосредна близина на древниот љубовен пар, погребани се и два коњи, кои, според археолозите, биле жртвувани.
Покрај посмртните останки на мажот се наоѓаат метален бодеж и врв од стрела, а веднаш покрај него во иста положба е пронајден скелет на жена погребана со накит, вклучувајќи зелена нараквица украсена со полублагородни камења, пренесува Дејли Мејл.
Археологот, др. Игор Кукушкин рекол дека постојат некои нејаснотии во врска со односот, но и смртта на погребаниот пар.