Шестиот Југословенски аеро-рели бил одржан во Куманово на 23. септември 1961. година и тоа пред публика од 20.000 луѓе. Дваесет и тројца најрани моторни пилоти од сите тогашни југословенски републики учествувале на овој голем настан.
Пролетале повеќе од илјада километри од Сараево, преку Травник, Ливно, Сињ, Мостар, Плоша, Хум, Тиват, Будва, Титоград, Матешево, Пеќ, Приштина, Бујановац, Прешево па до Куманово.

Како што пишувал тогаш кумановскиот „Наш весник“ пилотите се натпреварувале во извидување, временска точност и прецизно слетување, како и слетување од 200 метри без корекција на гас.
Уште во средината на мај 1961. година управата на аероклубот Куманово изготвувајќи го својот план за учество во прославата на дваесетгодишнината на Народната револуција решила да препорача на Извршниот добор на Воздухопловниот сојуз на Југославија завршната свеченост на Шестиот Југословенски аерорели да се одржи во Куманово. Предлогот бил усвоен и токму Аероклубот Куманово бил назначен за носител на свеченоста.
На настанот присуствувале најодговорните општествено-политички работници како од Куманово, така и од околината, меѓу нив и генерал мајор на авијацијата Душан Влаисављевиќ кој преодхиот пехар му го предал на победникот Арсен Кукора, член на аеро клубот од Сараево.


