Направете сами водоотпорна футрола за вашиот мобилен (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Со помош на овој трик ќе можете да направите најинтересни подводни фотографии.

За овој проект ќе ви требаат:

Две парчиња ацетна фолија во димензии на вашиот телефон

Две парчиња налепници

Гумени или некои други ленти (кои ќе ви служат како околувратник)

Пергамент хартија, пегла и макази.

 

 

Постапка:

Исечете ја ацетната фолија во димензии на вашиот телефон. поставете ги фолиите една преку друга, а потоа со загреана пегла преминете преку рабовите за да се растопат и спојат. Водете сметка дека преку фолијата треба да поставите пергамент хартија, за да не ви се залепи за пеглата. Повторете го тоа со сите три страни, а врвот оставете го отворен.

Измерете ја ширината на отворот која ви одговара и на неа залепете цик-цак лента од горната и долата страна, за да вашиот телефон биде што побезбеден. Оставете место за гумената лента, која по желба можете да ја додадете помеѓу цик-цак лентата. Никако не дупчете дополнителни дупки за нив, затоа што тука може да ви влезе водата.

 

 

Ставете го телефонот во футралата и уживајте.

Leave a Reply