Американскиот произведувач на играчки „Мател“, познат по производството на барбики и автомобилчињата „хот вилс“, најави гасење на над 2.200 работни места.
Портпаролот на „Мател“ изјавил дека се гасат работните места претежно за вработените во администрацијата во нивните подржници ширум светот, за да компанијата оствари заштеда на трошоците од најмалку 650 милиони долари, пренесува агенцијата АП.
На операции досега дала 45.000 долари, сака да изгледа како Барбика (ФОТО)
„Мател“, со седиште во градот Ел Сегундо во Калифонија, има околу 28.000 вработени.
Акциите на компанијата паднале за девет отсто во продолженото тргување на берзата, на 14,85 долари, откако за време на регуларниот трговски ден ослабнале за еден процент.
Од компанијата пристигнуваат и други неповолни вести за лошите финансиски резултати во период април-јуни.
По 12 години и 17 операции: Трансексуалец потрошил милиони за да изгледа како барбика (фото)